Aeg-Electrolux F78001VI0P Руководство пользователя

Тип
Руководство пользователя
FAVORIT 78001
MK МАШИНА ЗА МИЕЊЕ САДОВИ УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
RU ПОСУДОМОЕЧНАЯ МАШИНА ИНСТРУКЦИЯ ПО
ЭКСПЛУАТАЦИИ
25
SR МАШИНА ЗА ПРАЊЕ ПОСУЂА УПУТСТВО ЗА УПОТРЕБУ 49
ЗА СОВРШЕНИ РЕЗУЛТАТИ
Ви благодариме за изборот на овој производ на AEG.
Го создадовме за да ви пружиме одлична работа за
многу години, со иновативни технологии што помагаат
да го направат животот поедноставен -
карактеристики што можеби нема да ги најдете на
обичните апарати. Потрошете неколку минути за
читање за да го добиете најдоброто од
него.
ДОДАТОЦИ И ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ
Во интернет продавницата на AEG ќе најдете сè што
ви треба за да може сите ваши производи на AEG да
изгледаат безгрешно и да работат совршено. Заедно
со широката палета на додатоци дизајнирани и
направени со највисоки стандарди за квалитет, би
очекувале, од специјалистички садови за готвење до
корпи за прибор
за готвење, од држачи за шишиња до
квалитетни корпи за алишта...
Посетете ја интернет-продавницата на
www.aeg-electrolux.com/shop
2
СОДРЖИНА
4 Безбедносни информации
8 Опис на производот
9 Контролна табла
11 Употреба на апаратот
12 Нагодување на омекнувачот на
водата
13 Користење на сол за машина за
миење садови
14 Користење детергент и
средство за плакнење
15 Функцијата Multitab
16 Полнење прибор за јадење и
садови
16 Програми за миење садови
18 Одбирање и почнување
програма за миење
20 Нега и чистење
21 Што да сторите
ако...
24 Технички податоци
24 Еколошки прашања
Во ова упатство се користат следните
симболи:
Важни информации за Вашата лична
безбедност, како и информации за тоа,
како да избегнете оштетување на уредот
Општи информации и совети
Еколошки информации
Можноста за промени е задржана
Содржина
3
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажа и употреба, внимателно прочитајте го ова упатство:
Заради Ваша лична безбедност и безбедноста на Вашиот имот.
За да и` помогнеме на околината.
Заради правилна работа на апаратот.
Секогаш чувајте го ова упатство со апаратот дури и ако се селите или го дадете на
друг.
Производителот не е одговорен
ако неправилната монтажа и употреба предизвикаат
оштетување.
Безбедност на децата и помалку вештите лица
Не дозволувајте им на лица, вклучително и деца, со намалено физичко чувство,
намалени ментални функции или недостаток на искуство и знаење да го користат
апаратот. Нивното ракување со апаратот мора да го надгледува или насочува лице
одговорно за нивната безбедност.
Децата мора да се надзираат за да бидете сигурни дека не
си играат со апаратот.
Сите материјали за пакување чувајте ги вон дофат на деца. Постои опасност од
задушување или физичка повреда.
Чувајте ги сите детергенти на сигурно место. Не дозволувајте деца да ги допираат
детергентите.
Држете ги децата и домашните миленичиња подалеку од апаратот кога вратата е
отворена.
Општа безбедност
Не менувајте ги спецификациите на апаратот. Постои опасност од повреда и
оштетување на апаратот.
Почитувајте ги безбедносните упатства од производителот на детергентот за да
спречите изгореници на очите, устата и грлото.
Не пијте ја водата од апаратот. Во апаратот може да има честички од детергент.
Не оставајте ја вратата на
апаратот отворена без надзор. Ова е за да се спречи
повреда или пад врз отворена врата.
Не седете и не стојте на отворената врата.
Користење
Апаратот е само за домашна употреба. Не користете го апаратот за други намени
за да спречите повреди на луѓето и оштетување на имотот.
Користете го апаратот само за прибор што може да се мие во машина за садови.
Не ставајте запаливи производи или предмети натопени со запаливи средства во
апаратот,
блиску или врз него. Постои ризик од експлозија или пожар.
Ставајте ги ножевите и сите предмети со остар врв во корпата за прибор за јадење,
со врвовите надолу. Во спротивно, ставајте ги во хоризонтална положба во горната
корпа или во корпата за ножеви. (Сите модели немаат корпа за ножеви).
4
Безбедносни информации
Користете само специјални производи за машина за миење садови (детергент, сол,
средство за плакнење).
Сол што не е за машина за миење садови може да предизвика оштетување на
омекнувачот на вода.
Наполнете го апаратот со сол пред да почнете програма за миење. Преостанатата
сол во апаратот може да предизвика корозија
или да направи дупка на дното на
апаратот.
Не полнете го дозерот за средство за плакнење со друга течност освен со средство
за плакнење (средство за чистење машина за миење садови или течен детергент).
Тоа може да предизвика оштетување на апаратот.
Проверете дали прскалките може да се движат слободно пред да
почнете програма
за миење.
Апаратот може да испушти жешка пареа ако ја отворите вратата додека работи
програмата за перење. Постои опасност од изгореници на кожата.
Не вадете ги садовите од апаратот додека не заврши програмата за миење.
Нега и чистење
Пред да го чистите апаратот, исклучете го и извадете го приклучникот од штекер.
Не употребувајте запаливи производи или производи кои предизвикуваат корозија.
Не користете го апаратот без филтри. Уверете се дека филтрите се правилно
поставени. Неправилната поставеност ќе предизвика послабо миење и може да го
оштети апаратот.
Не користете вода
во спреј или пареа за чистење на уредот. Опасност од струен
удар и оштетување на апаратот.
Монтажа
Проверете да не е оштетен апаратот. Не монтирајте или поврзувајте оштетен
апарат, контактирајте го Вашиот добавувач.
Отстранете ја амбалажата пред да го монтирате или користите апаратот.
Само квалификувано лице смее да го поврзе апаратот со струја и водоводната
мрежа и да го монтира. Така ќе се спречи ризик од структурно
оштетување или
повреда.
Внимавајте приклучокот за струја да е изваден од штекерот за време на монтажата.
Не дупчете ги страниците на апаратот за да не се оштетат хидрауличните и
електричните делови.
Важно!Следете ги упатствата дадени во образецот доставен со апаратот:
Монтирање на апаратот.
Составување на плочата на вратата.
Поврзување со доводот и одводот на вода.
Проверете дали апаратот е монтиран под или во близина на безбедна структура.
Спречување смрзнување
Не монтирајте го апаратот онаму каде што температурата е под 0°C
Производителот не е одговорен за оштетувања од замрзнување.
Безбедносни информации
5
Поврзување на водата
Употребете нови црева за да го приклучите апаратот на довод за вода. Не
употребувајте користени црева.
Не приклучувајте го апаратот на нови или на цевки што не се користеле долго
време. Оставете ја водата да тече неколку минути, па дури потоа поврзете го
доводното црево.
Внимавајте да не ги згмечите или
оштетите цревата за вода при монтажата на
апаратот.
Проверете дали споевите се стегнати за да се спречи истекување на водата.
При првата употреба на апаратот, проверете од цревата да не протекува вода.
Доводното црево има сигурносен вентил и двојна заштитна обвивка со внатрешен
кабел за довод. Во доводното црево има
притисок само кога водата тече. Ако
доводното црево протекува, безбедносниот вентил го сопира протокот на водата.
Внимавајте кога го поврзувате доводното црево:
Не ставајте ги доводното црево или безбедносниот вентил во вода.
Доколку доводното црево или безбедносниот вентил се оштетени, веднаш
извадете го приклучокот од штекерот за струја.
Доводното
црево со безбедносен вентил може да го замени само сервисен
центар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасен напон.
Поврзување на струјата
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали податоците за струјата од плочката со спецификации одговараат
на напојувањето.
Секогаш користете правилно инсталиран приклучок за струја обезбеден од струјни
удари.
Не употребувајте штекери со повеќе приклучоци и кабли за продолжување. Постои
опасност од пожар.
Не заменувајте го ниту ставајте друг кабел за
струја. Контактирајте со сервисниот
центар.
6
Безбедносни информации
Внимавајте приклучокот и кабелот за струја да не се нагмечат или оштетат зад
апаратот.
Проверете дали има пристап до штекерот по монтажата.
Не влечете го кабелот за напојување за да го исклучите апаратот од струја.
Секогаш повлекувајте го приклучокот.
Сервисен центар
Само квалификувано лице може да го поправа апаратот или да работи на него.
Контактирајте со сервисниот центар.
Користете само оригинални резервни делови.
Расходување на апаратот.
За да се спречи ризик од повреда или оштетување:
Извадете го приклучокот за струја од штекерот.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
Извадете ја бравата на вратата. Ова спречува затворање на деца или
галеничиња во апаратот. Постои опасност од задушување
Фрлете го апаратот во локален центар за
отпад.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Детергентите за машината за миење садови се опасни и можат да предизвикаат
корозија!
Ако се случи незгода со овие детергенти, веднаш повикајте лекар.
Ако детергентот дојде во допир со уста, веднаш повикајте лекар.
Ако детергентот дојде во допир со очите, веднаш повикајте лекар и исплакнете ги
очите со вода.
Чувајте ги детергентите за машината за миење садови на безбедно место и вон
дофат на деца.
Не држете ја вратата на апаратот отворена кога има детергент во дозерот за
детергент.
Полнете го дозерот за детергент само пред да почнете програма за миење.
Безбедносни информации
7
ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
2
3
4
5
6
7
1
8
9
10
1 Горна корпа
2 Бирач на тврдоста на водата
3 Сад за сол
4 Дозер за детергент
5 Дозер за средство за плакнење
6 Плочка со спецификации
7 Филтри
8 Долна прскалка
9 Горна прскалка
10 Најгорна прскалка
Визуелен сигнал
Откако програмата за миење ќе почне, на подот под вратата на апаратот ќе се
појави црвен визуелен сигнал. Овој црвен сигнал останува сè додека не заврши
програмата.
Откако програмата за миење ќе заврши, на подот под вратата на апаратот ќе се
појави зелен визуелен сигнал.
Кога апаратот е расипан, на подот
под вратата на апаратот ќе се појави црвен
визуелен сигнал.
Доколку апаратот е наместен повисоко и е ставена дополнителна врата од кујна,
визуелниот сигнал не се гледа.
8
Опис на производот
КОНТРОЛНА ТАБЛА
Контролите се поставени на горната страна на контролната табла. За да работите со
контролите, оставете ја вратата на апаратот подотворена.
1
2
3
4
5
6
7 8
9
1 Копче за вклучување/исклучување
2 Приказ
3 Копче за одложено почнување
4 Копче за програми (долу)
5 Копче за програми (горе)
6 Копче за дополнителна хигиена
7 Копче за мулти-таблети
8 Копче RESET
9 Показатели
Показатели
Показател за сол. Се пали кога треба да се наполни садот за сол.
1)
Откако ќе го наполните садот, показателот за сол може да продолжи да
свети уште неколку часа. Тоа нема несакано влијание врз работата на
апаратот.
Показател за помош при плакнење. Се пали кога треба да се наполни
дозерот за средство за плакнење.
1)
Показател за крај. Се пали кога ќе заврши програмата за миење.
1) Кога садот за сол и/или дозерот за средство за плакнење се празни, соодветните показатели не се палат
додека работи програма за миење.
Копче за вклучување/исклучување
Притиснете го ова копче за да го вклучите или исклучите апаратот.
После десет минути од завршувањето на програма за миење, функцијата AUTO OFF
автоматски го исклучува апаратот. Ова помага да се намали потрошувачката на
енергија.
Приказ
Екранот покажува:
Електронско регулирање на нивото на омекнувачот на вода.
Активирање и деактивирање на дозерот за средство за плакнење (само кога е
вклучена функцијата Multitab)
Бројот на програмата за миење.
Преостанато време до крајот на програмата за миење.
Контролна табла
9
Крај на програмата за миење (на екранот ќе се појави нула)
Одбројување на одложеното почнување.
Шифри на алармот.
Активирање/деактивирање на звучните сигнали.
Копче за одложено почнување
Притискајте го ова копче повеќепати за да го одложите почнувањето на програмата за
миење од 1 до 24 часа.
Копчиња за програми
Притискајте едно од овие копчиња повеќепати за да одредите програмата за миење.
Секогаш кога ќе го притиснете копчето, екранот покажува број што е поврзан со некоја
програма за миење. Погледнете воПрограми за миење“.
Копче за дополнителна хигиена
Оваа функција дава подобри резултати за хигиената. Во текот на фазата на
плакнење, температурата останува на 70 °C 10 до 14 минути.
Притиснете го ова копче за да ја активирате функцијата. Се пали соодветниот
показател.
Копче за мулти-таблети
Притиснете го ова копче за да ја активирате/деактивирате функцијата Multitab.
Погледнете воФункција Multitab“.
Копче RESET
Притиснете го ова копче за да ја откажете тековната програма за миење
Режим за поставување
Апаратот мора да биде во режим за поставување за овие операции:
За поставување и почнување програма за миење.
За поставување и почнување одложен почеток.
За електронско поставување на нивото на омекнувачот на вода.
За активирање или деактивирање на дозерот за средство за плакнење (само кога е
вклучена функцијата Multitab).
Деактивирање
или активирање на звучните сигнали.
Вклучете го апаратот. Апаратот е во режим за поставување кога:
Екранот покажува две хоризонтални статусни линии.
Вклучете го апаратот. Апаратот не е во режим за поставување кога:
Екранот го покажува времето на програмата за миење или на одложеното
почнување.
За да се вратите во
режимот за поставување, првин мора да ги откажете
програмата или одложеното почнување. Погледнете воОдбирање и почнување
програма за миење“.
10
Контролна табла
Звучни сигнали
Може да ги слушнете звучните сигнали во овие ситуации:
Програмата за миење е завршена.
Нивото на омекнувачот за вода е електронски приспособен.
Апаратот е во дефект.
Фабричка поставка: вклучено.
Исклучување на звучните сигнали
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во режимот за поставување.
3. Држете ги притиснати копчето (4) и копчето (5) истовремено додека показните
светла на копчињата (3), (4) и (5) не почнат да трепкаат.
4. Пуштете ги копчето (4) и копчето (5).
5. Притиснете го копчето (5),
Показните светла за копчињата (3) и (4) се
гасат.
Показното светло за копчето (5) продолжува да трепка.
Екранот ја прикажува поставката на звучните сигнали.
Звучните сигнали се вклучени.
Звучните сигнали се исклучени.
6. Притиснете го копчето (5) за промена на поставката.
7. Исклучете го апаратот за да потврдите.
За повторно вклучување на звучните сигнали, направете ги чекорите од (1) до
(7).
УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ
1. Проверете дали регулирањето на омекнувачот на водата е соодветно за тврдоста
на водата во вашата област. Ако не е, прилагодете го омекнувачот на водата.
2. Наполнете го садот за сол со сол за машина за миење садови.
3. Наполнете го дозерот за средство за плакнење со средство за плакнење.
4. Ставете прибор
за јадење и садови во апаратот.
5. Поставете ја правилната програма за миење за видот на садови и извалканост.
6. Наполнете го дозерот за детергент со правилно количество детергент.
7. Почнете ја програмата за миење.
Ако користите комбинирани детергентски таблети („3 во 1“, „4 во 1“, „5 во 1“),
користете ја функцијата Multitab (погледнете воФункција Multitab“).
Употреба на апаратот
11
НАГОДУВАЊЕ НА ОМЕКНУВАЧОТ НА ВОДАТА
Омекнувачот на вода ги отстранува минералите и солите од водоводот. Овие
минерали и соли може да го оштетат апаратот.
Прилагодете го нивото на омекнувачот на вода ако не е соодветно за тврдоста на
водата во вашата област.
Контактирајте со локалното водостопанство за да ја дознаете тврдоста на водата во
вашата област.
Тврдост на водата
Регулирање на
тврдоста на водата
Германски
степени (dH°)
Француски
степени (°TH)
mmol/l Кларкови
степени
рачно електр
онски
51 - 70 91 - 125 9,1 - 12,5 64 - 88
2
1)
10
43 - 50 76 - 90 7,6 - 9,0 53 - 63
2
1)
9
37 - 42 65 - 75 6,5 - 7,5 46 - 52
2
1)
8
29 - 36 51 - 64 5,1 - 6,4 36 - 45
2
1)
7
23 - 28 40 - 50 4,0 - 5,0 28 - 35
2
1)
6
19 - 22 33 - 39 3,3 - 3,9 23 - 27
2
1)
5
1)
15 - 18 26 - 32 2,6 - 3,2 18 - 22 1 4
11 - 14 19 - 25 1,9 - 2,5 13 - 17 1 3
4 - 10 7 - 18 0,7 - 1,8 5 - 12 1 2
< 4 < 7 < 0,7 < 5
1
2)
1
2)
1) Фабричка поставка.
2) Не користете сол на ова ниво.
Мора да го регулирате омекнувачот на вода како рачно така и електронски.
Рачно регулирање
Свртете го тркалцето за тврдост на водата во
положба 1 или 2 (видете во табелата).
Електронско прилагодување
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во режимот за поставување.
12
Нагодување на омекнувачот на водата
3. Држете ги притиснати копчињата (4) и (5) истовремено додека показните светла
на копчињата (3), (4) и (5) не почнат да трепкаат.
4. Пуштете ги копчињата (4) и (5).
5. Притиснете го копчето (3),
Показните светла за копчињата (4) и (5) се гасат.
Показното светло за копчето (3) продолжува да трепка.
Се огласуваат звучните сигнали.
Екранот ја прикажува поставката на омекнувачот на
водата (пример: и
слушате пет звучни сигнали = ниво 5).
6. Притискајте го копчето (3) повеќепати за да ја смените поставката.
7. Исклучете го апаратот за да потврдите.
Ако омекнувачот на водата е електронски поставен на ниво 1, показателот за сол е
изгаснат.
КОРИСТЕЊЕ НА СОЛ ЗА МАШИНА ЗА МИЕЊЕ САДОВИ
Како да го наполните садот за сол
1. Свртете го капачето налево и отворете
го садот за сол.
2. Наполнете го садот за сол со 1 литар
вода (само за првото полнење со сол).
3. Со помош на инка наполнете го садот
за сол со сол.
4. Отстранете ја солта околу отворот на
садот за сол.
5. Свртете го капачето надесно за да го
затворите садот за сол.
Нормално е да се прелее вода од садот
кога ќе го наполните со сол.
Користење на сол за машина за миење садови
13
КОРИСТЕЊЕ ДЕТЕРГЕНТ И СРЕДСТВО ЗА ПЛАКНЕЊЕ
20
30
M
A
X
1
2
3
4
+
-
1
2
3
4
5
6
7
Користење на детергент
За заштита на животната околина, не користете повеќе од точното количество
детергент.
Следете ги препораките на производителот наведени на кутијата со детергентот.
Како да го наполните дозерот за детергент:
1.
Притиснете го копчето за отпуштање
2
за да го отворите капакот
7
на дозерот
за детергент.
2.
Ставете го детергентот во дозерот
1
.
3. Ако програмата за миење има фаза на претперење, ставете мало количество
детергент на внатрешната страна на вратата на апаратот.
4. Ако користите детергент во таблети, ставете ја таблетата во дозерот за детергент
1
.
5. Затворете го дозерот за детергент. Притиснете го капакот за да се намести во
правилна положба.
Користете долги програми за миење кога користите детергент во таблети. Тие не
можат целосно да се растопат со кратки програми за миење и може да ги намалат
резултатите на миењето.
Користење на средство за плакнење
Средството за плакнење овозможува сушење на садовите без ленти и дамки.
Дозерот за средство за плакнење автоматски додава средство за време на
последното плакнење.
Направете ги следниве чекори за да го наполните дозерот за средството за плакнење:
1.
Притиснете го копчето за отпуштање
6
за да го отворите капакот
5
од дозерот
за средство за плакнење.
14
Користење детергент и средство за плакнење
2.
Наполнете го дозерот за средство за плакнење
3
со средство за плакнење.
Ознаката „max“ го покажува максималното ниво.
3. Отстранете го истуреното средство за плакнење со впивлива крпа за да спречите
преголемо пенење за време на програма за миење.
4. Затворете го дозерот за средство за плакнење. Притиснете го капакот за да се
намести во правилна положба.
Регулирајте ја дозата на средството за плакнење
Фабричка поставка: положба 3.
Може да ја поставите дозата на средството за плакнење меѓу положба 1 (најмала
доза) и положба 4 (најголема доза).
Завртете го тркалцето на средството за плакнење
4
за да ја зголемите или намалите
дозата.
ФУНКЦИЈАТА MULTITAB
Функцијата multitab е за комбиниран детергент во таблети.
Овие таблети содржат средства како детергент, средство за плакнење и сол. Некои
видови таблети може да содржат и други средства.
Проверете дали таблетите се применливи за тврдоста на водата во вашето подрачје
(видете во инструкциите на пакувањето на производите).
Функцијата multitab го исклучува протокот на
средство за плакнење и на сол.
Функцијата Multitab ги исклучува показателите за сол и за средство за плакнење.
Траењето на програмата може да се продолжи ако ја користите функцијата multitab.
Активирајте ја или деактивирајте ја функцијата Multitab пред да почнете програма за
миење. Не може да ја активирате или деактивирате функцијата додека трае некоја
програма
Активирање на функцијата multitab
Притиснете на копчето multitab, показното светло за multitab се пали. Функцијата е
вклучена.
Кога ќе ја вклучите функцијата multitab, таа останува вклучена додека не ја
исклучите.
За исклучување на функцијата multitab и одделна употреба на детергент, сол и средство за
плакнење
1. Притиснете на копчето multitab, показното светло за multitab се гаси. Функцијата е
исклучена.
2. Наполнете ги садот за сол и дозерот за средството за плакнење.
3. Поставете ја тврдоста на водата на највисоко ниво.
4. Пуштете програма за миење, но без садови.
5. Кога програмата за миење ќе заврши, поставете го омекнувачот на вода за
тврдоста на водата во вашето подрачје.
6. Прилагодете го количеството на средството за плакнење.
Функцијата Multitab
15
ПОЛНЕЊЕ ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ И САДОВИ
Погледнете во брошуратаПримери на ProClean полнења“.
Совети и препораки
Не ставајте во апаратот предмети што впиваат вода (сунѓери, алишта).
Отстранете ја преостанатата храна од предметите.
Омекнете ја преостанатата загорена храна на предметите.
Ставете ги шупливите предмети (шолји, чаши и тави) со отворот надолу.
Проверете да не се собира вода во садовите или во калениците.
Внимавајте приборот за
јадење и садовите да не се допираат.
Внимавајте чашите да не допираат други чаши.
Ставете ги малите предмети во корпата за прибор за јадење.
Мешајте ги лажиците со друг прибор за да не се залепат една за друга.
Кога ставате предмети во корпите, проверете дали водата допира до
сите
површини.
Ставете ги лесните предмети во горната корпа. Проверете предметите да не се
движат.
Капки вода се собираат на пластични предмети и на нелепливи тави.
ПРОГРАМИ ЗА МИЕЊЕ САДОВИ
Програма Вид
извалканост
Вид полнење Опис на
програмата
Функција за
дополнител
на хигиена
1
1)
Сите Садови, прибор за
јадење, тенџериња
и тави
Предмиење
Миење 45 °C или 70
°C
Плакнења
Сушење
Да, со ефект
2 Многу
извалкани
Садови, прибор за
јадење, тенџериња
и тави
Предмиење
Миење 70 °C
Плакнења
Сушење
Да, без
ефект
3
2)
Нормално
извалкани
Садови и прибор за
јадење
Предмиење
Миење 50 °C
Плакнења
Сушење
Да, без
ефект
4
3)
Извалкани
неодамна
Садови и прибор за
јадење
Миење 60 °C
Плакнење
Да, со ефект
16
Полнење прибор за јадење и садови
Програма Вид
извалканост
Вид полнење Опис на
програмата
Функција за
дополнител
на хигиена
5
4)
Нормално
извалкани
Садови и прибор за
јадење
Предмиење
Миење 50 °C
Плакнења
Сушење
Да, со ефект
6 Малку
извалкани
Садови и прибор за
јадење
Миење 55 °C
Плакнења
Да, со ефект
7 Нормално или
малку валкани
Кревки чинии и
стаклени садови
Миење 45 °C
Плакнења
Сушење
Да, без
ефект
8 Користете ја оваа програма за брзо
плакнење на садовите. Тоа спречува
остатокот од храната да се врзе за
садовите и лошите миризби да
излезат надвор од апаратот.
Не користете детергент за оваа
програма.
Плакнење Да, без
ефект
1) Апаратот ги сеќава видот извалканост и количеството предмети во корпите. Автоматски ги прилагодува
температурата и количеството вода, потрошувачката на енергија и времето на програмата.
2) Ова е најтивка програма за миење садови. Пумпата работи со многу мала брзина за да се намали нивото
на бучавата. Поради малата брзина, програмата трае долго.
3)
Со оваа програма може да миете садови што се извалкани неодамна. Дава добри резултати за кратко
време.
4) Ова е стандардната програма за институциите за тестирање. Со оваа програма имате најефикасна
употреба на водата и потрошувачка на енергија за садови и прибор за јадење со нормална извалканост.
Погледнете ја брошурата за информации
од тестовите.
Потрошувачки вредности
Програма Време на
програмата
(минути)
Енергија (kWh) Вода (литри)
1 90 - 160 0,9 - 1,7 8 - 15
2 140 - 160 1,5 - 1,6 13 - 14
3 200 - 220 1,1 - 1,2 9 - 11
4 30 0,9 9
Програми за миење садови
17
Програма Време на
програмата
(минути)
Енергија (kWh) Вода (литри)
5 160 - 170 0,9 - 1,0 9 - 11
6 50 - 60 1,0 - 1,2 10 - 11
7 65 - 75 0,8 - 0,9 11 - 12
8 14 0,1 4
Притисокот и температурата на водата, варијациите во електричното напојување и
количеството садови може да ги сменат потрошувачките вредности.
ОДБИРАЊЕ И ПОЧНУВАЊЕ ПРОГРАМА ЗА МИЕЊЕ
Почнување програма за миење без одложено почнување
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во режимот за поставување.
3. Поставете програма за миење.
Бројот што се однесува на програмата за миење трепка на екранот.
4. Ако е неопходно, поставете ја функцијата за дополнителна хигиена.
5. Затворете ја вратата на машината, програмата почнува автоматски.
Почнување на програмата за миење со одложување
1. Вклучете го апаратот.
2. Уверете се дека апаратот е во режимот на поставување.
3. Поставете ја програмата за миење и, ако треба, поставете ја функцијата за
дополнителна хигиена.
4. Притискајте го копчето за одложување сè додека на екранот не се прикаже
времето на одложеното почнување.
Времето на одложување почнува да трепка на
екранот.
Се пали показателот за одложено почнување.
5. Затворете ја вратата од апаратот, одбројувањето почнува автоматски.
Штом заврши одбројувањето, програмата за миење почнува автоматски.
Со отворање на вратата на апаратот запира одбројувањето. Кога ќе ја затворите
вратата, одбројувањето почнува од точката на прекинот.
18
Одбирање и почнување програма за миење
Прекинување на одложеното почнување
Ако вратата на апаратот е отворена и одбројувањето не започнало
1. Притискајте го копчето за одложување повеќепати додека на екранот не се
прикаже бројот на програмата за миење.
Бројката трепка на екранот.
2. Затворете ја вратата на машината, програмата почнува автоматски.
Ако вратата на апаратот е затворена и одбројувањето трае
1. Отворете ја
вратата на апаратот.
2. Притискајте го копчето за одложување повеќепати додека на екранот не се
прикаже бројот на програмата за миење.
Бројот трепка неколку секунди и времето на програмата за миење се прикажува
на екранот.
3. Затворете ја вратата на машината, програмата почнува автоматски.
Прекинување на програма за миење
Отворете ја вратата на апаратот.
Програмата за миење запира.
Затворете ја вратата на апаратот.
Програмата за миење продолжува од точката на прекинот.
Откажување програма за миење
Ако програмата за миење не почнала, може да го смените изборот.
За да го смените изборот при работа на програмата за миење, неопходно е да ја
откажете програмата.
Притискајте го копчето RESET додека на екранот не се појават две хоризонтални
статусни ленти.
Проверете дали има детергент во дозерот за детергент пред да почнете нова
програма за миење.
Завршување програма за миење
Кога програмата за миење ќе заврши, се огласува испрекинет звучен сигнал.
1. Отворете ја вратата на апаратот.
Показателот за крај свети.
Екранот покажува нула.
2. Исклучете го апаратот.
3. За подобри резултати на сушење, оставете ја вратата на апаратот подотворена
неколку минути.
Извадете ги предметите од корпите
Оставете ги садовите да се изладат пред да ги извадите од апаратот. Жешките
садови лесно се оштетуваат.
Првин испразнете ја долната корпа, а потоа горната.
Одбирање и почнување програма за миење
19
Може да има вода од страните и на вратата од апаратот. Нерѓосувачкиот челик се
лади побрзо од садовите.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
Вадење и чистење на филтрите
Нечистите филтри ги влошуваат резултатите од миењето.
Иако за овие филтри не треба многу одржување, препорачуваме да вршите
повремени проверки и, ако е потребно, да ги исчистите.
1. За да го извадите филтерот (A),
завртете го налево и извадете го од
филтерот (B).
2. Филтерот (A) има 2 дела. За да го
демонтирате филтерот, раздвојте ги.
3. Темелно
исчистете ги деловите со
вода.
4. Составете ги двата дела од филтерот
(А) и притиснете. Проверете дали се
правилно поставени еден во друг.
5. Извадете го филтерот (В).
6. Темелно исчистете го филтерот (В) со
вода.
7. Вратете го филтерот (В) во
првобитната положба. Проверете дали
е правилно поставен под двете водилки
(С).
8. Ставете
го филтерот (А) на место во
филтерот (B). Завртете го филтерот (А)
надесно додека не се заклучи.
A
B
C
20
Нега и чистење
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72

Aeg-Electrolux F78001VI0P Руководство пользователя

Тип
Руководство пользователя

Задайте вопрос, и я найду ответ в документе

Поиск информации в документе стал проще с помощью ИИ