Кога се употребува "функцијата Multitab", траењето на циклусите може да
се смени. Во тој случај, показателот за времетраењето на програмата на
дигиталното екранче автоматски се ажурира.
Кога ќе почне програмата, "функцијата Multitab" веќе НЕ МОЖЕ да се
менува. Ако сакате да ја исклучите "функцијата Multitab", треба да ја
откажете моменталната програма, па потоа да ја исклучите "функцијата
Multitab".
Во тој случај, ќе мора повторно да поставите програма за миење (и
саканите опции).
Активирање/деактивирање на функцијата Multitab
Притиснете го копчето Multitab: Се пали соодветното показно светло. Тоа
значи дека функцијата е активна.
За да ја исклучите функцијата, притиснете го повторно копчето Multitab:
показното светло се гаси.
Доколку резултатите на сушењето не се задоволителни, предлагаме:
1. Наполнете го дозерот со средство за плакнење.
2. Активирајте го дозерот за средство за плакнење.
3. Поставете ја дозата на средство за плакнење во положба 2.
• Активирањето/деактивирањето на дозерот за средството за плакнење
е можно само кога е активна "функцијата Multitab".
Активирање/деактивирање на дозерот за средството за плакнење
1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Машината за
миење садови мора да биде во режимот за поставување.
2. Држете ги притиснати истовремено копчињата B и C , додека светлата
на копчињата A , B и C не почнат да трепкаат.
3. Притиснете го копчето B , светлата на копчињата A и C се гасат,
додека светлото на функциското копче B продолжува да трепка.
Дигиталното екранче ја покажува тековната поставка:
= Дозерот за средство за плакнење е исклучен.
= Дозерот за средство за плакнење е активен.
4. За да ја смените поставката, притиснете го повторно копчето В ,
дигитално екранче ја покажува новата поставка.
5. За да ја меморирате поставката, исклучете ја машината за миење
садови со притискање на копчето вклучување/исклучување.
Ако одлучите да се вратите на користење на системот со стандарден
детергент, советуваме:
1. Исклучете ја "функцијата Multitab".
2. Наполнете ги одново садот за сол и дозерот за средство за плакнење.
3. Регулирајте ја поставката за тврдост на водата на највисоко ниво и
пуштете 1 нормална програма за миење без да ставите садови.
4. Регулирајте ја тврдостa на водата според тврдостa на водата во
вашето подрачје.
5. Регулирајте го дозирањето на средството за плакнење.
Функцијата Multitab
19