напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
Овластен сервисен центар.
• Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
• Не допирајте го кабелот за струја
или приклучокот со влажни раце.
• Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
• Само за Обединетото Кралство и
Ирска: Апаратот има приклучок за
струја со јачина од 13 ампери. Ако е
потребно да го смените
осигурувачот во приклучокот за
струја, користете осигурувач од 13
ампери ASTA (BS 1362).
• Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
2.3 Поврзување со вода
• Потрудете се да не ги оштетите
цревата за вода.
• Пред да го поврзете апаратот со
нови цевки или цевки што не биле
користени подолго време, оставете
водата да тече додека не започне
да тече чиста вода.
• Кога за прв пат го користите
апаратот, проверете дали од
некаде протекува.
2.4 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
струен удар, пожар,
изгореници или
оштетување на апаратот.
• Користете го апаратот само во
домашни услови.
• Следете ги безбедносните упатства
дадени на пакувањето на
детергентот.
• Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
• Погрижете се да ги тргнете сите
метални предмети од алиштата за
перење.
• Не ставајте сад под апаратот за
собирање вода во случај на
протекување. Контактирајте со
Овластениот сервисен центар за да
проверите кои додатоци можат да
се користат.
• Не допирајте го стаклото на
вратата додека програмата е во
функција. Стаклото може да биде
жешко.
2.5 Внатрешна светилка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда.
• Видливо LED зрачење, не гледајте
директно во зракот.
• Видот на светилката или на
халогената лампа која се користи
за овој апарат е само за употреба
во апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во
куќата.
• За да го замените внатрешното
светло, контактирајте со
Сервисниот центар.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
• Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
• Извадете ја рачката на вратата за
да спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
МАКЕДОНСКИ 5