Electrolux ERN29750 Руководство пользователя

  • Здравствуйте! Я прочитал инструкцию по эксплуатации холодильника Electrolux и готов ответить на ваши вопросы. В руководстве описаны все функции прибора, рекомендации по использованию, а также способы решения возможных проблем. Спрашивайте!
  • Как регулировать температуру в холодильнике?
    Как разморозить морозильную камеру?
    Что делать, если холодильник не работает?
    Как часто нужно чистить холодильник?
ERN29750
................................................ .............................................
MK ФРИЖИДЕР СО
ЗАМРЗНУВАЧ
УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
PL CHŁODZIARKO-
ZAMRAŻARKA
INSTRUKCJA OBSŁUGI 20
RO FRIGIDER CU CONGELATOR MANUAL DE UTILIZARE 38
RU ХОЛОДИЛЬНИК-
МОРОЗИЛЬНИК
ИНСТРУКЦИЯ ПО
ЭКСПЛУАТАЦИИ
56
SR ФРИЖИДЕР-ЗАМРЗИВАЧ УПУТСТВО ЗА УПОТРЕБУ 74
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
2. РАКУВАЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
3. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
4. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
5. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 9
6. ШТО ДА СТОРИТЕ АКО... . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11
7. МОНТАЖА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 13
8. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19
9. ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што купивте Electrolux апарат. Одбравте производ со долгогодишно професионално
искуство и иновативност. Револуционерен и стилски, мислевме на Вас кога го дизајниравме. Со секое
користење, бидете сигурни дека секогаш ќе имате супер резултати.
Добродојовте во Electrolux.
Посетете ја нашата веб страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за
сервисирање:
www.electrolux.com
Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги:
www.electrolux.com/productregistration
Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
СЛУЖБА ЗА ПОТРОШУВАЧИ И СЕРВИС
Ви препорачуваме да користите оригинални делови.
Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци.
Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број.
Предупредување / Внимание - Сигурносни информации.
Општи информации и совети
Еколошки информации
Можноста за промени е задржана.
2
www.electrolux.com
1.
БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
За ваша безбедност и за да се обезбеди
правилна употреба, пред да го наместите и
да го користите апаратот првпат, прочитајте
го упатството за употреба внимателно,
вклучувајќи ги и советите и
предупредувањата. За да се избегнат
непотребни грешки и незгоди, важно е сите
што го користат апаратот да се темелно
запознаени со начинот на работата и
безбедносните функции. Чувајте го
упатството и погрижете се да биде со
апаратот ако се премести или продаде, за да
може секој што го користи во работниот век
да биде правилно информиран за употребата
на апаратот и за безбедноста.
За безбедност на животот и имотот чувајте ги
опомените за претпазливост од ова упатство
бидејќи производителот не е одговорен за
штетите предизвикани од нивното
непочитување.
1.1 Безбедност на децата и
помалку вештите лица
Апаратот не е наменет да го користат лица
(вклучувајќи и деца) со намалени физички,
сетилни или ментални способности, или
што немаат искуство и знаење, освен ако
не се под надзор или се упатени за
користење на апаратот од страна на лице
што е одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да се под надзор за да не си
играат со апаратот.
Чувајте ги сите материјали за пакување
далеку од децата. Постои опасност од
задушување.
Ако го расходувате апаратот, извлечете го
кабелот за струја од штекерот, исечете го
(што е можно поблиску до апаратот) и
извадете ја вратата за да спречите децата
што си играат да не ги удри струја или да
не се затворат во него.
Ако апаратов, кој има магнетизирани гуми
за затворање, треба да замени постар
апарат што има брава со пружина на
вратата или капакот, погрижете се да ја
онеспособите бравата со пружина пред да
го расходувате стариот апарат. Така ќе се
спречи тој да стане смртоносна стапица за
децата.
1.2 Општа безбедност
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Поставете ги отворите за вентилација, на
опкружувањето на апаратот или вградената
конструкција, ослободени од пречки.
Апаратот е наменет за чување
прехранбени продукти и пијалаци во
нормално домаќинство, како што е
објаснето во ова упатство.
Не користете механички уреди или
вештачки средства за забрзување на
топењето.
Не користете други електрични апарати (на
пр. мешалки за сладолед) внатре во
ладилници, освен ако не се одобрени за
таква намена од страна на производителот.
Не оштетувајте ја инсталацијата за
средството за ладење.
Средството за ладење изобутан (R600a),
што кружи низ инсталацијата за ладење на
апаратот, е природен гас со високо ниво на
еколошка подобност, но сепак е запалив.
За време на превозот и местењето на
апаратот, внимавајте да не се оштети
ниеден дел од инсталацијата за ладење.
Доколку се оштети инсталацијата за
ладење:
избегнувајте отворен оган и извори на
искри
проветрете ја темелно собата во која е
сместен апаратот
Опасно е да се менуваат спецификациите
или да се вршат какви било промени на
производот. Секое оштетување на кабелот
може да предизвика краток спој, пожар и/
или струен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Сите електрични делови (кабелот за
струја, приклучокот, компресорот)
мора да ги замени сертифициран или
квалификуван сервисер за да се
избегне ризик.
1.
Кабелот за струја не смее да се
продолжува.
2.
Проверете приклучокот за во штекер
да не е смачкан или оштетен од
задниот дел на уредот. Смачкан или
МАКЕДОНСКИ 3
оштетен приклучок за во штекер може
да се прегрее и да предизвика пожар.
3.
Внимавајте кабелот за струја на
апаратот да е пристапен.
4.
Не влечете го кабелот за струја.
5.
Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во него.
Постои опасност од струен удар или
пожар.
6.
Не смеете да ракувате со уредот без
капакот на лампата (ако е предвиден)
за внатрешно осветлување.
Овој уред е тежок. Бидете внимателни кога
го преместувате.
Не вадете ги и не допирајте ги предметите
во преградите на замрзнувачот ако рацете
ви се водени или влажни, зашто така може
да дојде до гребење на кожата и
смрзнатини.
Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева светлина.
Крушковидните светилки (ако се
предвидени) што се користат во овој
апарат се специјални светилки
употребливи само во апарати за
домаќинство. Тие не се погодни за собно
осветление.
1.3 Секојдневна употреба
Не ставајте жешки садови на пластичните
делови на апаратот.
Не чувајте запаливи гасови и течности во
апаратот, зашто тие може да
експлодираат.
Не ставајте прехранбени продукти
директно врз отворот за воздух на задниот
ѕид. (Ако апаратот е со заштита од
замрзнување)
Смрзнатата храна не смее повторно да се
смрзнува откако ќе се одмрзне.
Чувајте ја претходно спакуваната смрзната
храна во согласност со упатствата на
нејзиниот производител.
Мора строго да се почитуваат препораките
за чување на производителот на апаратот.
Видете во соодветното упатство.
Не ставајте содирани или газирани
пијалаци во преградите на замрзнувачот,
бидејќи тие создаваат притисок во садот,
што може да предизвика негово
експлодирање, што може да заврши со
оштетување на апаратот.
Смрзнатите лижавчиња може да
предизвикаат смрзнатици ако се
конзумираат веднаш.
1.4 Одржување и чистење
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
Не чистете го апаратот со метални
предмети.
Не користете остри предмети за вадење на
мразот од апаратот. Користете пластичен
гребач.
Редовно проверувајте го одводот на
фрижидерот за одмрзната вода. Ако е
неопходно, исчистете го одводот. Ако
одводот е блокиран, ќе се собира вода на
дното на фрижидерот.
1.5 Местење
За електричното поврзување,
внимателно постапете според
упатствата дадени во одделните
пасуси.
Распакувајте го апаратот и проверете да не
е оштетен. Не приклучувајте го апаратот
ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните
оштетувања веднаш таму каде што сте го
купиле апаратот. Во тој случај, престанете
со распакување.
Препорачливо е да се почека најмалку
четири часа пред да се приклучи апаратот
за да може маслото да се врати во
компресорот.
Околу апаратот треба да има соодветно
кружење на воздухот - без него може да
дојде до прегревање. За да се постигне
доволно проветрување, следете ги
упатствата за местење.
Секогаш кога е можно, задниот дел на
производот треба да е блиску до ѕид, за да
не биде можно допирање или фаќање на
топлите делови (компресорот,
кондензаторот) и изгорувањето од нив.
Апаратот не смее да се наоѓа блиску до
радијатори или плински шпорети.
Внимавајте штекерот да е пристапен по
местењето на апаратот.
Поврзете го само со довод за питка вода
(ако е предвидено поврзување со вода).
4
www.electrolux.com
1.6 Сервисирање
Електричните приспособувања потребни за
сервисирање на апаратот треба да ги
изврши квалификуван електричар или
компетентно лице.
Производот мора да го сервисира овластен
Сервисен центар и мора да се користат
само оригинални резервни делови.
1.7 Заштита на животната средина
Апаратот не содржи гасови што може
да го оштетат озонскиот слој ниту во
водовите за ладење, ниту во
изолациските материјали. Апаратот
не смее да се расходува заедно со
обичен комунален смет и ѓубре.
Изолациската пена содржи запаливи
гасови: апаратот мора да се
расходува согласно со важечките
прописи што може да ги добиете од
локалните власти. Избегнувајте
оштетување на уредот за ладење,
особен одзади, близу до
разменувачот на топлина.
Материјалите употребени за овој
апарат означени со симболот
се
рециклираат.
2. РАКУВАЊЕ
2.1 Вклучување
Вметнете го приклучникот во ѕиден штекер.
Свртете го регулаторот на температурата
надесно до средната поставка.
2.2 Исклучување
За да го исклучите апаратот, свртете го
регулаторот на температурата во положба
"O".
2.3 Регулирање на температурата
Температурата се регулира автоматски.
За да работите со апаратот, постапете на
следниов начин:
свртете го регулаторот на температурата
кон помалата поставка за да постигнете
минимално ладење.
свртете го регулаторот на температурата
кон поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
Средната поставка, општо земено, е
најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека температурата
во внатрешноста на апаратот зависи од:
собната температура
колку често се отвора вратата
количеството храна што се чува
местоположбата на апаратот.
Ако околната температура е висока
или апаратот е целосно наполнет, а
апаратот е поставен на најниската
температура, може да работи
непрестано што ќе предизвика да се
формира мраз на задниот ѕид. Во тој
случај, тркалцето мора да се постави
на повисока температура за да се
овозможи автоматско одмрзнување,
а со тоа и помала потрошувачка на
енергија.
3. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
3.1 Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот, измијте
ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци
со млака вода и малку неутрален сапун за да
се отстрани карактеристичниот мирис на
новите производи, па исушете го темелно.
Не користете детергенти или груби
прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
МАКЕДОНСКИ 5
3.2 Смрзнување свежа храна
Комората на замрзнувачот е погодна за
замрзнување свежа храна и чување смрзната
и длабоко-смрзната храна подолго време.
За да смрзнувате свежа храна не е неопходно
да ја менувате средната поставка.
Меѓутоа, за побрзо смрзнување, свртете го
регулаторот на температурата кон
поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
Во овие услови, температурата на
комората на фрижидерот може да
падне под 0°C. Ако дојде до тоа,
вратете го регулаторот за
температура на помала поставка.
Ставете ја свежата храна за мрзнење во
горната комора.
3.3 Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен период
некористење, пред да ставите производи во
преградата, оставете апаратот да работи
барем 2 часа на најголемата поставка.
Ако треба да се чуваат поголеми количества
храна, извадете ги сите фиоки и корпи од
апаратот и ставете ја храната на полици за
ладење за да добиете најдобри
перформанси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте храната да не го надмине
граничникот за полнење што се наоѓа
горе отстрана (каде што го има)
Во случај на случајно одмрзнување,
на пример поради снемување струја,
ако немало струја подолго време
отколку под ставката "време на
одржување" во табелата за технички
карактеристики, одмрзнатата храна
мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да
се смрзне (откако ќе се излади).
3.4 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред
да се употреби, може да се одмрзне во
преградата на фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето достапно за
оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
3.5 Правење коцки мраз
Апаратот е опремен со еден или повеќе
садови за правење коцки мраз. Наполнете ги
садовите со вода, потоа ставете ги во
преградата на замрзнувачот.
Не користете метални алатки за
вадење на садовите од
замрзнувачот.
3.6 Акумулатори на студ
Фрижидерот содржи барем еден акумулатор
на студ што го продолжува времето на
чување во случај на снемување струја или
расипување.
6
www.electrolux.com
3.7 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи, така што полиците може да се
наместат по желба.
За подобро користење на просторот,
предните полуполици може да лежат преку
задните.
3.8 Местење на полиците на вратата
За да се овозможи чување пакувања храна во
разни големини, полиците на вратата може да
се стават на различни височини.
За да ги направите овие приспособувања,
постапете на следниов начин:
постепено влечете ја полицата во насоката на
стрелките додека не се ослободи, потоа
наместете ја по желба.
3.9 Контрола на влажноста
Стаклената полица има вграден уред со
процепи (приспособливи со рачка за
лизгање), што овозможува да се регулира
температурата во фиоките за зеленчук.
Кога отворите за проветрување се затворени:
природната влага на храната во преградите
за овошје и зеленчук се задржува подолго.
Кога отворите за проветрување се отворени:
поголемото кружење на воздухот дава
помала влага во преградите за овошје и
зеленчук.
4. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
4.1 Совети за штедење енергија
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно.
Доколку околната температура е висока,
регулаторот за температура е на
најголемата поставка и апаратот е целосно
наполнет, компресорот може да работи
непрестано, што ќе предизвика формирање
мраз на испарувачот. Ако се случи тоа,
свртете го регулаторот за температура кон
помалите вредности за да овозможите
МАКЕДОНСКИ 7
автоматско одмрзнување, со што ќе
заштедите и електрична енергија.
4.2 Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
не ставајте топла храна или течности што
испаруваат во фрижидерот
покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус
ставајте ја храната така што воздухот може
да кружи слободно околу неа
4.3 Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови) : виткајте го во пластични
ќесички и ставајте го на стаклената полица
над фиоката за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин
само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие треба
да се покриени и може да се стават на која
било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво
измиени и ставени во специјалните фиоки за
нив.
Путер и сирење: тие треба да се во посебните
херметички садови или завиткани во
алуминиумска фолија или пластични ќесички
за да се спречи допирот со воздух.
Шишиња млеко: тие треба да имаат капаче и
да се ставаат на полицата за шишиња на
вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако
не се спакувани, не смеат да се чуваат во
фрижидер.
4.4 Совети за смрзнување
За најдобро користење на смрзнувањето, еве
неколку важни совети:
максималното количество храна што може
да се смрзне за 24 часови е покажано на
плочката со спецификации;
смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се
додава храна за смрзнување во тој период;
смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
поделете ја храната во мали порции за да
може брзо и целосно да се смрзне и за да
овозможите одмрзнување само на
потребните количества;
завиткајте ја храната во алуминиумска или
пластична фолија убаво и стегнато;
не дозволувајте свежата несмрзната храна
да ја допира храната што е веќе смрзната,
за да не ја загреете вторава;
немасната храна се чува подобро и
подолго отколку масната; солта го
намалува векот на чување на храната;
водениот мраз, ако се конзумира веднаш
по вадењето од преградата на
замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатици на кожата;
препорачливо е да се запише датумот на
смрзнување на секое пакување за да
можете да водите сметка за времето на
смрзнатост.
4.5 Совети за чување смрзната
храна
За да добиете најдобри перформанси од
апаратот, почитувајте ги следниве напомени:
проверете дали комерцијалните смрзнати
прехранбени продукти биле соодветно
чувани кај продавачот;
погрижете се смрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од продавницата
до замрзнувачот во најкраток можен рок;
не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно;
штом ќе се одмрзне, храната се расипува
брзо и не може повторно да се смрзне;
не надминувајте го препорачаниот период
за чување означен од страна на
производителот.
8
www.electrolux.com
5. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ
Исклучете го апаратот од струја пред
да вршите каква било постапка за
одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги
вршат само овластени техничари.
5.1 Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
измијте ги внатрешноста и додатоците со
млака вода со малку неутрална сапуница.
редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти и
без нечистотии.
избришете и исушете целосно.
Не влечете ги, не поместувајте ги и
не оштетувајте ги цевките и каблите
во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби
прашоци, многу парфимирани
средства за чистење или восок за
полирање за чистење на
внатрешноста, бидејќи така може да
се оштетат површините и да остане
силен мирис.
Чистете ги со четка кондензаторот (црната
решетка) и компресорот на задната страна на
апаратот. Со тоа се подобрува работењето на
апаратот и се штеди електрична енергија.
Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски површини
содржат хемикалии што може да ја нагризат
или оштетат пластиката на апаратот. Поради
тоа, се препорачува надворешноста на
апаратот да се чисти само со топла вода со
малку течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
5.2 Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во преграда од фрижидерот
секогаш кога моторниот компресор ќе
престане да работи во текот на вообичаената
употреба. Водата од одмрзнувањето истекува
во посебен сад од адната страна на апаратот,
над моторниот компресор, од којшто
испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнувањето на
средината на каналот во фрижидерската
преграда за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
Користете го приложениот специјален чистач,
што ќе го најдете веќе вметнат во дупчето за
истекување.
5.3 Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се формира
малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз
ќе достигне дебелина од околу 3-5 mm.
МАКЕДОНСКИ 9
Околу 12 часа пред одмрзнувањето,
свртете го регулаторот на
температурата кон повисоките
поставки за да се насоберат доволни
резерви студ за прекинот на
работата.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1.
Исклучете го апаратот.
2.
Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место.
ВНИМАНИЕ
Не допирајте ги смрзнатите работи
со мокри раце. Рацете може да се
залепат за смрзнатото.
3.
Оставете ја вратата отворена и вметнете
ја пластичната гребалка во соодветното
лежиште во долниот среден дел, ставајќи
леген одоздола за да ја собира водата од
одмрзнувањето.
За да се забрза одмрзнувањето,
ставете сад со топла вода во
комората за замрзнување. Освен тоа,
отстранете ги парчињата мраз што се
откачуваат пред да заврши
одмрзнувањето.
4.
Кога ќе заврши одмрзнувањето, исушете
ја внатрешноста темелно и чувајте ја
гребалката за идна употреба.
5.
Вклучете го апаратот.
6.
По два или три часа, вратете ја
извадената храна во комората.
Никогаш не користете метални алатки за да
го стругате мразот од испарувачот, бидејќи
може да го оштетите.
Не користете механички уреди или какви било
други вештачки средства за забрзување на
процесот на одмрзнување, освен оние што се
препорачани од производителот.
Зголемувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на одмрзнувањето
може да го скрати нејзиниот век на чување.
5.4 Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго време,
преземете ги следниве предострожности:
откачете го апаратот од електричната
мрежа
извадете ја сета храна
одмрзнете ги (ако е предвидено) и
исчистете ги апаратот и сите додатоци
оставете ја вратата или вратите
подотворени за да спречите непријатни
мириси.
Ако фрижидерот треба да остане вклучен,
замолете некого да го проверува повремено
10
www.electrolux.com
за да не се случи храната да се расипе во
случај на снемување струја.
6. ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред решавање на проблемите,
извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
Само квалификуван електричар или
компетентно лице смее да ги решава
проблемите што не се опишани во
упатството.
За време на нормалната употреба се
слушаат звуци (од компресорот и од
кружењето на средството за
ладење).
Проблем Веројатна причина Решение
Апаратот не работи.
Ламбата не работи.
Апаратот е исклучен. Вклучете го апаратот.
Приклучокот за струја не е
правилно ставен во
штекерот.
Ставете го приклучокот за
струја во штекерот правилно.
Нема струја во апаратот.
Нема напон во штекерот.
Поврзете друг електричен
апарат во штекерот.
Контактирајте со
квалификуван електричар.
Ламбата не работи. Ламбата е во подготвеност. Затворете ја и отворете ја
вратата.
Ламбата е неисправна. Видете во "Замена на
ламбата".
Компресорот работи
непрекинато.
Температурата не е
поставена правилно.
Ставете на повисока
температура.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во "Затворање на
вратата".
Вратата се отворала
премногу често.
Не оставајте ја вратата
отворена подолго отколку што
е потребно.
Температурата на
продуктите е превисока.
Оставете ги продуктите да се
изладат до собна температура
пред да ги ставите внатре.
Собната температура е
превисока.
Намалете ја собната
температура.
Тече вода по задната
плоча на фрижидерот.
За време на автоматското
одмрзнување, мразот се
одмрзнува на задната плоча.
Тоа е нормално.
Во фрижидерот тече
вода.
Одводот за вода е затнат. Исчистете го одводот.
Продукти спречуваат водата
да тече во садот за вода.
Проверете некој продукт да не
ја допира задната плоча.
МАКЕДОНСКИ 11
Проблем Веројатна причина Решение
Истекува вода на подот. Испустот за водата од
одмрзнувањето не е во садот
за испарување над
компресорот.
Ставете го испустот за вода
од одмрзнувањето во садот за
испарување.
Температурата во
апаратот е премногу
ниска/висока.
Регулаторот на
температурата не е поставен
правилно.
Поставете повисока/пониска
температура.
Температурата во
фрижидерот е
превисока.
Во апаратот не кружи ладен
воздух.
Овозможете кружење на
ладниот воздух во апаратот.
Температурата во
замрзнувачот е премногу
висока.
Производите се преблиску
едни до други.
Сместувајте ги производите
така што ќе овозможите
кружење на ладниот воздух.
Има премногу мраз. Храната не е завиткана
правилно.
Правилно завиткајте ја
храната.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во „Затворање на
вратата“.
Регулаторот на
температурата не е
правилно поставен.
Поставете повисока
температура.
6.1 Замена на светилката
1.
Извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
2.
Одвијте ја завртката од капакот на
ламбата.
3.
Извадете го капакот на ламбата (видете
на илустрацијата).
4.
Заменете ја старата светилка со нова
светилка со иста моќност која е посебно
направена за домашни апарати.
(максималната моќност е прикажана на
капакот на светилката).
5.
Ставете го капакот на светилката.
6.
Завијте ја завртката на капакот на
ламбата.
7.
Ставете го приклучникот за струја во
штекерот.
8.
Отворете ја вратата. Погрижете се
светилката да се запали.
6.2 Затворање на вратата
1.
Исчистете ги заптивките на вратата.
2.
Ако е потребно, приспособете ја вратата.
Видете во „Монтажа“.
3.
Ако е потребно, заменете ја
неисправната заптивка на вратата.
Контактирајте со сервисниот центар.
12
www.electrolux.com
7. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги "Безбедносните
информации" внимателно пред да го
наместите апаратот за да бидете
побезбедни и апаратот да работи
правилно.
7.1 Поставување
Наместете го апаратот на место каде што
околната температура е соодветна на
климатската класа укажана на плочката со
спецификации на апаратот:
Климатс
ка класа
Околна температура
SN +10°C до + 32°C
N +16°C до + 32°C
ST +16°C до + 38°C
T +16°C до + 43°C
7.2 Поврзување на електриката
Пред да го приклучите, проверете дали
напонот и фреквенцијата прикажани на
плочката со спецификации одговараат на
вашата домашна електрична мрежа.
Апаратот мора да биде вземјен. Приклучокот
на кабелот за напојување со струја е со
вземјување. Ако штекерот од домашната
електрична мрежа не е вземјен, поврзете го
апаратот со посебно вземјување во
согласност со прописите за електрична
енергија и откако ќе се посоветувате со
квалификуван електричар.
Производителот одбива каква било
одговорност ако горенаведените безбедносни
мерки не се испочитувани.
Апаратот е во согласност со следниве
Директиви на ЕЕЗ.
7.3 Менување на страната на
отворање на вратата
Вратата на апаратот се отвора надесно. Ако
сакате да ја отворате налево, направете ги
следниве чекори пред да го монтирате
апаратот.
Олабавете го и извадете го горниот чеп.
Извадете ја горната врата.
Извадете го разделникот.
Олабавете ја средната шарка.
Извадете ја долната врата.
МАКЕДОНСКИ 13
Олабавете го и извадете го долниот чеп.
На другата страна:
Стегнете го долниот чеп.
Монтирајте ја долната врата.
Стегнете ја средната шарка.
Монтирајте го разделникот.
Монтирајте ја горната врата.
Стегнете го горниот чеп.
7.4 Потреби за проветрување
5 cm
min.
200 cm
2
min.
200 cm
2
Протокот на воздух зад апаратот мора да
биде доволен.
7.5 Инсталирање на апаратот
ВНИМАНИЕ
Внимавајте кабелот за струја да
може да се движи слободно.
Постапете вака:
x
x
Ако е потребно, исечете ја самолепливата
лента и потоа ставете ја на апаратот како
што е прикажано на сликата.
14
www.electrolux.com
1
2
Ставете го апаратот во ниша.
Туркајте го апаратот во насоката на
стрелката (1) додека горниот капак на
отворот не се допре до кујнскиот мебел.
Туркајте го апаратот во насоката на
стрелката (2) кон плакарот од спротивната
страна на шарката.
4 mm
44 mm
Дотерајте ја положбата на апаратот во
нишата.
Внимавајте растојанието меѓу апаратот и
предниот раб на плакарот да биде 44 мм.
Долниот капак на шарката (во кесичката со
додатоци) обезбедува растојанието помеѓу
апаратот и кујнскиот мебел да биде
правилно.
Внимавајте просторот помеѓу апаратот и
предниот раб на плакарот да биде 4 мм.
Отворете ја вратата. Ставете го долниот
капак на шарката на своето место.
I
I
Прицврстете го апаратот за нишата со
помош на 4 завртки.
МАКЕДОНСКИ 15
Извадете го правилниот дел од капакот на
шарката (E). Внимавајте да го извадите
делот DX, ако шарката е десно, SX ако
шарката е лево.
E
E
B
D
C
Прицврстете ги капаците (C, D) во дршките
и дупките на шарката.
Наместете ја решетката за проветрување
(B).
Прицврстете ги капаците на решетката (Е)
за решетката.
G
H
Поврзете го апаратот странично до
страничниот ѕид на кујнскиот мебел:
1.
Олабавете ги завртките од делот (G) и
преместете го делот (G) до
страничниот ѕид на мебелот.
2.
Зацврстете ги завртките од делот (G)
повторно.
3.
Прицврстете го делот (H) за делот (G).
16
www.electrolux.com
Откачете ги деловите (Ha), (Hb), (Hc) и (Hd).
ca. 50 mm
ca. 50 mm
21 mm
90°
90°
21 mm
Наместете го делот (Ha) од внатрешната
страна на вратата од кујнскиот мебел.
Ha
Hc
Притиснете го делот (Hc) на делот (Ha).
Ha
Hb
8 mm
Отворете ги вратата на апаратот и вратата
на кујнскиот мебел под агол од 90°.
Вметнете го квадратчето (Hb) во водилката
(Ha).
Спојте ги вратата на апаратот и вратата на
мебелот и означете ги дупките.
МАКЕДОНСКИ 17
Ha
K
8 mm
Извадете ги држачите и означете
растојание од 8 мм од надворешниот раб на
вратата каде што треба да се намести
клинот (К).
Hb
Ставете го квадратчето на водилката
повторно и прицврстете го со прложените
шрафови.
Порамнете ги вратата на кујнскиот мебел и
вратата на апаратот приспособувајќи го
делот (Hb).
Hb
Hd
Притиснете го делот (Hd) на делот (Hb).
Проверете уште еднаш дали:
Cе стегнати сите шрафови.
Дали самолепливата лента е
прицврстена за плакарот.
Вратата се отвора и затвора правилно.
18
www.electrolux.com
8. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Димензии на внатрешноста
Висина 1780 мм
Широчина 560 мм
Длабочина 550 мм
Време на подигање 20 ч
Волтажа 230-240 V
Фреквенција 50 Hz
Техничките информации се наоѓаат на
плочката со спецификации на левата страна
внатре во апаратот и на етикетата за
енергија.
9. ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА
Рециклирајте ги материјалите со симболот
. Ставете ја амбалажата во соодветни
контејнери за да ја рециклирате.
Помогнете во заштитата на живтната средина
и човековото здравје и рециклирајте го
отпадот од електрични и електронски
апарати. Не фрлајте ги апаратите озанчени
со симболот
во отпадот од домаќинството.
Вратете го производот во вашиот локален
капацитет за рециклирање или контактирајте
ја вашата општинска канцеларија.
МАКЕДОНСКИ 19
SPIS TREŚCI
1. WSKAZÓWKI DOTYCZĄCE BEZPIECZEŃSTWA . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21
2. EKSPLOATACJA . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 23
3. CODZIENNA EKSPLOATACJA . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 24
4. PRZYDATNE RADY I WSKAZÓWKI . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 25
5. KONSERWACJA I CZYSZCZENIE . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 27
6. CO ZROBIĆ, GDY… . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 29
7. INSTALACJA . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 30
8. DANE TECHNICZNE . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 37
9. OCHRONA ŚRODOWISKA . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 37
Z MYŚLĄ O TOBIE
Dziękujemy za zakup urządzenia Electrolux. Jest ono owocem dziesięcioleci doświadczeń i innowacji. To
pomysłowe i stylowe urządzenie zaprojektowano z myślą o Tobie. Użytkując je masz zawsze pewność uzyskania
wspaniałych efektów.
Witamy w świecie marki Electrolux!
Odwiedź naszą witrynę internetową, aby uzyskać:
Wskazówki dotyczące użytkowania, broszury, pomoc w rozwiązywaniu problemów oraz informacje
dotyczące serwisu:
www.electrolux.com
Zarejestruj swój produkt, aby uprościć jego obsługę serwisową:
www.electrolux.com/productregistration
Kupuj akcesoria, materiały eksploatacyjne i oryginalne części zamienne do swojego urządzenia:
www.electrolux.com/shop
OBSŁUGA KLIENTA
Zalecamy stosowanie oryginalnych części zamiennych.
Kontaktując się z serwisem, należy przygotować poniższe dane.
Informacje można znaleźć na tabliczce znamionowej. Model, numer produktu, numer seryjny.
Ostrzeżenie/przestroga – informacje dotyczące bezpieczeństwa.
Informacje i wskazówki ogólne
Informacje dot. ochrony środowiska
Producent zastrzega sobie możliwość wprowadzenia zmian bez wcześniejszego powiadomienia.
20
www.electrolux.com
/