Aeg-Electrolux F65401IM0P Руководство пользователя

Тип
Руководство пользователя
FAVORIT 65401 I
MK МАШИНА ЗА МИЕЊЕ САДОВИ УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
RU ПОСУДОМОЕЧНАЯ МАШИНА ИНСТРУКЦИЯ ПО
ЭКСПЛУАТАЦИИ
21
SR МАШИНА ЗА ПРАЊЕ ПОСУЂА УПУТСТВО ЗА УПОТРЕБУ 41
СОДРЖИНА
4 БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
6 ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
7 КОНТРОЛНА ТАБЛА
8 ПРОГРАМИ
ПЦИИ
10 ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
13 СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
16 НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
17 РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
19 ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА
Рециклирајте ги материјалите со симболот . Ставете ја амбалажата во соодветни контејнери
за да ја рециклирате.
Помогнете во заштитата на живтната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од
електрични и електронски апарати. Не фрлајте ги апаратите озанчени со симболот
во отпадот
од домаќинството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет за рециклирање или
контактирајте ја вашата општинска канцеларија.
ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА СТРАНИЦА ЗА:
- Производи
- Брошури
- Упатства за корисниците
- Решавање проблеми
- Сервисни информации
www.aeg.com
ЛЕГЕНДА
Предупредување - Важни безбедносни информации.
Општи информации и совети
Еколошки информации
Можноста за промени е задржана.
2
ЗА СОВРШЕНИ РЕЗУЛТАТИ
Ви благодариме за изборот на овој производ на AEG. Го создадовме за да ви пружиме
одлична работа за многу години, со иновативни технологии што помагаат да го направат
животот поедноставен - карактеристики што можеби нема да ги најдете на обичните
апарати. Потрошете неколку минути за читање за да го добиете најдоброто од него.
ДОДАТОЦИ И ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ
Во интернет продавницата на AEG ќе најдете сè што ви треба за да може сите ваши
производи на AEG да изгледаат безгрешно и да работат совршено. Заедно со широката
палета на додатоци дизајнирани и направени со највисоки стандарди за квалитет, би
очекувале, од специјалистички садови за готвење до корпи за прибор за готвење, од држачи
за шишиња до квалитетни корпи за алишта...
Посетете ја интернет-продавницата на
www.aeg.com/shop
СЛУЖБА ЗА ПОТРОШУВАЧИ И СЕРВИС
Наша препорака е да се користат оригинални резервни делови.
Кога го контактирате сервисот, осигурете се дека ги имате следните податоци.
Информациите може да ги најдете на плочата со спецификации.
Модел
Број на производот
Сериски број
МАКЕДОНСКИ
3
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените
упатства. Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања.
Секогаш чувајте го упатството со апаратот за
идна употреба.
БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА И
ПОМАЛКУ ВЕШТИТЕ ЛИЦА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од задушување, повреда
или траен инвалидитет.
Не дозволувајте им на лица, вклучително и
деца, со намалено физичко чувство,
намалени ментални функции или
недостаток на искуство и знаење, да го
користат апаратот. Нивното ракување со
апаратот мора да го надгледува или
насочува лице одговорно за нивната
безбедност. Деца не смеат да играат со
апаратот.
Сите материјали за пакување чувајте ги
настрана од дофат на деца.
Сите детергенти чувајте ги далеку од
дофат на деца.
Држете ги децата и миленичињата
подалеку од апаратот кога вратата е
отворена.
МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Овој апарат мора да се монтира од
страна на квалификувано и стручно
лице.
Извадете ја амбалажата.
Никогаш не монтирајте или користете
оштетен апарат.
Не го монтирајте и употребувајте апаратот
онаму каде што температурата е под 0 °C.
Следете ги упатството за монтирање кое е
доставено со овој апарат.
Проверете дали апаратот е монтиран под
или во близина на безбедна структура.
Поврзување на водата
Пазете да не го оштетите цревото.
Пред да го поврзите апаратот со новите
цевки или со цевки кои не се користени
подолг временски период, оставете ја
водата да истече се додека не стане чиста.
Првиот пат кога го користите апаратот,
бидете сигурни дека нема истекување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасен напон.
Доводното црево е со безбедносен вентил
и двојна обвивка со внатрешен кабел за
струја.
Доколку доводното црево е оштетено,
веднаш извадете го приклучникот од
штекерот за струја. Јавете се во Центарот
за да го замените доводното црево.
Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар и електричен
шок.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали податоците за струјата од
плочката со спецификации одговараат на
напојувањето со електрична струја. Ако не,
контактирајте електричар.
Секогаш користете правилно инсталирана
приклучница, обезбедена од струјни удари.
Не употребувајте повеќекратни приклучоци
и продолжени кабли.
Пазете да не ги оштетите приклучокот за
струја и кабелот. Контактирајте го
сервисниот центар или електричар за да го
смените оштетениот кабел.
Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали има пристап до
приклучокот за струја по монтажата.
4
Не влечете го кабелот за напојување за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го штекерот за напојување.
УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда.
Користете го апаратот само во домашни
услови.
Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
Ставете ги ножевите и приборот со остри
врвови во корпата за приборот за јадење
со врвовите надолу или во хоризонтална
положба.
Не ја чувајте вратата на апаратот отворена
без надзор за да спречите да не паднете
над неа.
Немојте да седите или да стоите на
вратата.
Детергентите за машината за миење
садови се опасни. Следете ги упатствата
дадени на пакувањето на детергентот.
Немојте да ја пиете или да си играте со
водата од апаратот.
Не вадете ги садовите од апаратот додека
не заврши програмата за миење садови.
Може да има детергент на садовите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои ризик од електричен шок,
пожар или изгореници.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до или на апаратот.
Не користете вода во спреј или пареа за
чистење на уредот.
Апаратот може да ослободи жешка пареа
доколку ја отворите вратата додека
функционира некоја програма.
ОТСТРАНУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или задушување.
Исклучете го апаратот од струја.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
Извадете ја рачката на вратата за да
спречите затворање на деца и миленичиња
во апаратот.
МАКЕДОНСКИ
5
ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
11
1
2
3
4
7
9
5
6
8
10
1
Горна прскалка
2
Долна прскалка
3
Филтри
4
Плочка со спецификации
5
Сад за сол
6
Тркалце за тврдост на водата
7
Дозер за средство за плакнење
8
Дозер за детергент
9
Корпа за прибор за јадење
10
Долна корпа
11
Горна корпа
6
КОНТРОЛНА ТАБЛА
1
2
5
4
6
9
8
7
A
B
C
3
1
Копче за вклучување/исклучување
2
Водич за програмите
3
Program копче
4
Показатели за програмите
5
Приказ
6
Delay копче
7
Start копче
8
Показни светла
9
Option копче
Показни светла Опис
Показател за мулти-таблети.
ÖKO PLUS показно светло.
Показно светло за фазата на миење.
Показател за фазата на плакнење.
Показно светло за фаза на сушење.
Показно светло за крај.
Показател за средство за плакнење. Показното светло е
исклучено додека програмата работи.
Показно светло за сол. Показното светло е исклучено
додека програмата работи.
Показател за одложување.
Показател за вратата. Се пали кога вратата не е
затворена.
МАКЕДОНСКИ
7
ПРОГРАМИ
Програма Степен на валканост
Вид на полнење
Фази на програма Опции
1)
Сите
Садови, прибор за
јадење, тенџериња и
тави
Предперење
Миење 45 °C или 70 °C
Плакнења
Сушење
ÖKO PLUS
2)
Многу валкани
Садови, прибор за
јадење, тенџериња и
тави
Предперење
Миење 70 °C
Плакнења
Сушење
ÖKO PLUS
3)
Свежо извалкани
Садови и прибор за
јадење
Миење 60 °C
Плакнења
4)
Нормално валкани
Садови и прибор за
јадење
Предперење
Миење 50 °C
Плакнења
Сушење
ÖKO PLUS
Нормално или лесно
извалкани садови
Чувствителни чиниии
и стаклени садови
Миење 45 °C
Плакнења
Сушење
ÖKO PLUS
1)
Апаратот ги регистрира степенот на нечистотијата и количеството садови во кошниците.
Автоматски ги регулира температурата и количината на вода, потрошувачката на енергија и
траењето на програмата.
2)
Оваа програма има фаза на плакнење со повисока температура за подобри хигиенски резултати. Во
текот на фазата на плакнење, температурата останува на 70°C 10 до 14 минути.
3)
Со оваа програма можете да миете свежо извалкани садови. Таа дава добри резултати на миење
за кратко време.
4)
Ова е стандардна програма за тестирање. Со оваа програма добивате најефикасна потрошувачка
на вода и енергија за нормално валкани садови и прибор за јадење. Погледнете ја брошурата со
информации од тестовите.
Потрошувачки вредности
Програма
1)
Енергија (kWh) Вода (л)
0.7 - 1.3 8 - 16
1.2 - 1.3 13 - 14
0.8 8
0.8 - 0.9 8 - 9
0.6 - 0.7 10 - 11
1)
Екранот не го прикаже времетраењето на програмата.
Притисокот и температурата на водата, варијациите на електричното напојување и количеството
садови може да ги променат времетраењето на програмата и потрошувачките вредности.
8
ОПЦИИ
ФУНКЦИЈА МУЛТИ-ТАБЛЕТИ
Активирајте ја оваа функција само кога ги
користите комбинираните детергент таблети.
Функцијата мулти-таблети го деактивира
протокот на средство за плакнење и на сол.
Соодветните индикатори се исклучени.
Времетраењето на програмата може да се
зголемува.
ÖKO PLUS
Оваа функција ја намалува температурата за
време на фазата на сушење. Потрошувачката
на струја се намалува за 25%.
Садовите може да бидат влажни кога
програмата ќе заврши. Ви препорачуваме да
ја оставете вратата подотворена за да ги
оставите садовите да се исушат.
АКТИВИРАЊЕ НА ОПЦИИТЕ
Активирајте или деактивирајте ги оциите
пред стартот на програмата. Не смеете да
ги активирате или деактивирате опциите
додека работи програма.
Притиснете
Option го
копчето
ÖKO PLUS
еднаш вклучено исклучено
двапати исклучено вклучено
трипати вклучено вклучено
четирипати исклучено исклучено
Ако престанете да ги користите
комбинираните детергент таблети, пред да
почнете да користите одвоено детергнет,
средство за плакнење и сол за машини за
миење садови, направете ги следниве чекори:
1. Деактивирајте ја функцијата мулти-
таблети.
2. Нагодете го омекнувачот на вода на
највисоко ниво.
3. Проверете дали садот за сол и дозерот за
средството за плакнење се полни.
4. Вклучете ја најкратката програма со фаза
за плакнење, без детергент и без садови.
5. Поставете го омекнувачот на вода според
тврдоста на водата во вашата област.
6. Поставете ја истечената количина на
средството за плакнење.
МАКЕДОНСКИ
9
ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
1. Проверете дали регулирањето на
омекнувачот на водата е соодветно за
тврдоста на водата во вашата област. Ако
не е, приспособете го омекнувачот на
водата. Контактирајте со локалното
водостопанство за да ја дознаете
тврдоста на водата во вашата област.
2. Наполнете го садот за сол.
3. Наполнете го дозерот за средтво за
плакнење.
4. Отворете ја славината.
5. Во апаратот може да има остатоци од
преработката. Стартувајте некоја
програма за да ги извадите. Не користете
детергент и не ги полнете корпите.
Ако користите комбинирани
детергент таблети, активирајте ја
функцијата мулти-таблети. Овие
таблети содржат средства како
детергент, средство за плакнење и
други додадени агенси. Бидете
сигурни дека овие таблети се
соодветни за тврдоста на водата во
Вашата област. Видете во упатствата
на етикетата на секој производ.
НАГОДУВАЊЕ НА ОМЕКНУВАЧОТ
НА ВОДАТА
Тврдата вода содржи голема количина на
минерали кои може да го оштетат апаратот и
да дадат лоши резултати во перењето.
Омекнувачот за вода ги неутрализира овие
минерали.
Солта за машината за миење садови го
оддржува омекнувачот за вода чист и во
добра состојба. Видете во табелата за да го
подесете омекнувачот за вода на вистинското
ниво. На тој начин ќе бидете сигурни дека
омекнувачот за вода ја користи точната
количина на сол за машини за миење садови
и вода.
Мора да го регулирате омекнувачот
на вода како рачно така и
електронски.
Тврдост на вода
Омекнувач на вода
подесување
Германски
степени
(°dH)
Француски
степени
(°fH)
mmol/l Кларк
степени
Рачно Електр
онски
51 - 70 91 - 125 9.1 - 12.5 64 - 88
2
1)
10
43 - 50 76 - 90 7.6 - 9.0 53 - 63
2
1)
9
37 - 42 65 - 75 6.5 - 7.5 46 - 52
2
1)
8
29 - 36 51 - 64 5.1 - 6.4 36 - 45
2
1)
7
23 - 28 40 - 50 4.0 - 5.0 28 - 35
2
1)
6
19 - 22 33 - 39 3.3 - 3.9 23 - 27
2
1)
5
1)
15 - 18 26 - 32 2.6 - 3.2 18 - 22 1 4
11 - 14 19 - 25 1.9 - 2.5 13 - 17 1 3
4 - 10 7 - 18 0.7 - 1.8 5 - 12 1 2
< 4 < 7 < 0.7 < 5
1
2)
1
2)
1)
Фабричка поставка.
2)
Не користете сол на ова ниво.
10
Рачно регулирање
Свртете го тркалцето за тврдост на водата во
положба 1 или 2.
Електронско прилагодување
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за активирање на апаратот.
2. Погрижете се апаратот да биде во режим
на поставување. Видете во
‘ПОДЕСУВАЊЕ И СТАРТУВАЊЕ НА
ПРОГРАМА’.
3. Притиснете и задржете Delay and Start
истовремено не затрепкаат показателите
(A), (B) и (C).
4. Притиснете на Program.
Показателите над функциските
копчиња (B) и (C) се гасат.
Програмското показно светло (A)
продолжува да трепка.
Екранот ги прикажува поставките на
омекнувачот за вода. Пример:
=
ниво 5.
5. Притискајте Program повеќепати за да ја
смените поставката.
6. Деактивирајте го апаратот за да
потврдите.
ПОЛНЕЊЕ НА САДОТ ЗА СОЛ
ВНИМАНИЕ
Користете само сол за машини за
миење садови. Други производи
може да предизвикаат оштетување
на апаратот.
Водата и солта мооже да излезат од
садот за сол кога го полните. Постои
ризик од корозија. За да ја спречите,
откако ќе го наполните садот со сол,
стартувајте програма.
1.
Свртете го капачето налево и отворете
го садот за сол.
2.
Ставете 1 литар сол во садот за сол
(само првиот пат).
3.
Наполнете го садот за сол со сол за
машини за миење садови.
4.
Отстранете ја солта околу отворот на
садот за сол.
5.
Свртете го капачето надесно за да го
затворите садот за сол.
МАКЕДОНСКИ
11
НАПОЛНЕТЕ ГО ДОЗЕРОТ ЗА СРЕДСТВОТО ЗА ПЛАКНЕЊЕ
M
A
X
1
2
3
4
+
-
A
B
D
C
ВНИМАНИЕ
Користете само специјално средство
за плакнење за машини за миење
садови. Други производи може да
предизвикаат оштетување на
апаратот.
Средството за плакнење, за време на
последната фаза на плакнење, ги
суши садовите без на нив да останат
остатоци и дамки.
1.
Притиснете го копчето за отклучување(D)
за да го отворите капакот (C) .
2.
Наполнете го диспензорот за средство за
плакнење (A), но не повеќе од знакот
'max'.
3.
Отстранете го истуреното средство за
плакнење со впивлива крпа за да
спречите преголемо пенење.
4.
Затворете го капакот. Осигурете се дека
копчето за исклучување се заклучува во
правилна позиција.
Можете да го свртете селекторот за
истечена количина (B) помеѓу
позиција 1 (lнајмала количина) и
позиција 4 (најголема количина).
12
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
1. Отворете ја славината.
2. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за активирање на апаратот.
Погрижете се апаратот да биде во режим
на поставување. Видете во
‘ПОДЕСУВАЊЕ И СТАРТУВАЊЕ НА
ПРОГРАМА’.
Ако садот за сол е приклучен,
наполнето го садот за сол.
Ако индикаторот за средтсво за
плакнење е приклучен, наполнете го
диспензерот за средство за плакнење.
3. Наполнете ги корпите.
4. Додадете детергент.
5. Поставете ја и стартувајте ја правилната
програма за миење според видот на
алишта и извалканост.
НАПОЛНЕТЕ ГИ КОРПИТЕ.
Видете во доставениот проспект со
примери за полнење на корпите.
Користете го апаратот за да миете садови
кои се сигурни за машина за миење на
садови.
Не ставајте во апаратот предмети кои се
направени од дрво, габрово дрво,
алуминиум, калај и бакар.
Не ставајте во апаратот предмети што
впиваат вода (сунѓери, алишта).
Отстранете ја преостанатата храна од
предметите.
Омекнете ја преостанатата загорена храна
на предметите.
Ставете ги шупливите предмети (шолји,
чаши и тави) со отворот надолу.
Внимавајте приборот за јадење и садовите
да не се допираат. Измешајте ги лажиците
со другите садови.
Внимавајте чашите да не допираат други
чаши.
Ставете ги малите предмети во корпата за
прибор за јадење.
Ставете ги лесните предмети во горната
корпа. Проверете предметите да не се
движат.
Проверете дали прскалките може да се
движат слободно пред да почнете
програма за миење.
КОРИСТЕЊЕ НА ДЕТЕРГЕНТ
20
30
M
A
X
1
2
3
4
+
-
A
B
C
ВНИМАНИЕ
Користете само детергенти за
машина за миење садови.
1.
Притиснете го копчето за отклучување
(B) за да го отворите капакот (C) .
2.
Ставете детергент во преградата
обележана со (A) .
3.
Ако програмата за миење има фаза на
пред-миење, ставете мало количество
детергент на внатрешната страна на
вратата на апаратот.
4.
Ако користите детергент во таблети,
ставете ја таблетата во дозерот за
детергент (A).
5.
Затворете го капакот. Осигурете се дека
копчето за исклучување се заклучува во
правилна позиција.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество.
Погледнете го упатството на
производителот на детергентот.
МАКЕДОНСКИ
13
Детергентот во форма на таблети не
се раствора целосно со кратките
програми и може да останат остатоци
од детергентот на садовите.
Ви препорачуваме таблетите да ги
користите со долготрајните програми.
ПОСТАВУВАЊЕ И СТАРТУВАЊЕ
НА ПРОГРАМА
Режим на поставување
Апаратот мора да биде во режимот за
поставување за да ги прифати овие
операции.
Апаратот е во режим на поставување кога,
после активирањето:
се запалени сите програмски показатели.
Екранот прикажува две хоризонтални
статусни ленти.
Ако контролната табла покажува други
услови, притиснете и задржете Delay и Start
истовремено се додека апаратот е во режим
на подесување.
Стартување на програма без
одложување
1. Отворете ја славината.
2. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за активирање на апаратот.
3. Затворете ја вратата на апаратот.
4. Погрижете се апаратот да биде во режим
на поставување.
5. Притиснете на Program неколку пати се
додека индикаторот за програмата
којашто ја сакате да ја подесете не се
вклучи.
Времетраењето на програмата трепка
на екранот.
Показните светла за фазите на
поставената програма за миење се
вклучуваат.
6. Ако сакате, можете да ги подесете
опциите.
7. Притиснете на Start. Програмата почнува.
Се вклучува показното светло за
тековната фаза.
Екранот го покажува времетраењето на
програмата којашто се намалува со
чекоти од 1 минута.
Стартување на програма без
одложување
1. Одберете ги програмата и потребните
опции.
2. Притиснете на Delay неколку пати се
додека на екранот не се покаже времето
на одложување коешто сакате да го
подесете (од 1 tдо 24 часа).
Времето на одложување трепка на
екранот.
Се пали показателот за одложено
почнување.
3. Притиснете на Start. Одбројувањето
започнува.
Одбројувањето на одложеното
почнување се намалува во чекори од 1
час.
Показните светла за фазите на
поставената програма за миење се
исклучуваат.
Кога ќе заврши одбројувањето, програмата
за перење стартува.
Се вклучува показното светло за
тековната фаза.
Отворањето на вратата додека
работи апаратот
Ако ја отворите вратата, апаратот прекинува
со работа. Кога ќе ја затворите вратата,
одбројувањето почнува од точката на
прекинот.
Откажување на одложениот
почеток започнува додека работи
одбројувањето
Delay повторно и повторно, додека:
Екранот го прикажува времетраењето на
програмата.
Се вклучува показното светло за фазата.
Програмата почнува.
Откажување на програмата
Притиснете и држете ги Delay и Start во исто
време додека:
Ќе се запалат сите програмски показатели.
Екранот ќе прикаже две хоризонтални
статусни ленти.
14
Уверете се дека има детергент во
дозерот за детергент пред да
започнете нова програма за миење.
На крај од програмата
Кога програмата за миење ќе заврши, на
екранот ќе се прикаже 0 и ќе се вклучи
показателот за крај.
1. Отворете ја вратата.
2. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за исклучување на апаратот.
3. Затворете ја славината.
Ако не го притиснете копчето за
вклучување/исклучување, AUTO OFF
апаратот автоматски го исклучува
апаратот после неколку минути. Ова
помага да се намали потрошувачката
на енергија.
За подобро сушење, оставете ја вратата
подотворена неколку минути.
Оставете ги садовите да се изладат пред
да ги извадите од апаратот. Жешките
садови лесно се оштетуваат.
Прво испразнете ја долната корпа, а потоа
горната.
Може да има вода од страните и на
вратата од апаратот. Не’рѓосувачкиот
челик се лади побрзо од садовите.
МАКЕДОНСКИ
15
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од
приклучницата.
Валканите филтри и затнатите
прскалки може да ги намалат
резултатите од миењето.
Правете проверки во определени
временски интервали и доколку е
потребно, исчистете ги.
ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТРИТЕ
C
B
A
A1
A2
1.
Целосно свртете го филтерот (A)
налево и извадете го.
2.
За да го расклопите филтерот
(A), извадете ги (A1) и (A2).
3.
Извадете го филтерот (B).
4.
Исчистете ги филтрите со вода.
5.
Ставете го филтерот (B) во
неговата иницијална позиција.
Проверете дали е правилно
поставен под двете водилки (C).
6.
Склопете го филтерот (A) и
ставете го во позиција во
филтерот (B). Свртете го надесно
се додека не се заклучи.
Неправилно позиционирање
на филтрите може да
предизвика лоши резултати
при перењето и да го оштети
апаратот.
ЧИСТЕЊЕ НА ПРСКАЛКИТЕ
Не вадете ги прскалките.
Ако дупките на прскалките се затнат,
исчистете ја нечистотијата со тенок шилест
предмет.
НАДВОРЕШНО ЧИСТЕЊЕ
Исчистете го апаратот со навлежнета мека
крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни средства, сунѓери со
жица или растворувачи.
16
РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Машината за перење не се вклучува или
прекинува додека работи.
Прво, обидете се да најдете решение за
проблемот (погледнете во табелата). Ако не,
контактирајте го сервисниот центар.
При некои дефекти, екранот покажува шифри
за аларм:
- Апаратот не се полни со вода.
- Апаратот не испушта вода.
- Активирана е заштитата од
поплавување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исклучете го апаратот пред да
направите проверка.
Проблем Можна причина Можно решение
Програмата не
започнува.
Приклучокот за струја не е
поврзан во штекерот.
Поврзете го приклучокот во
штекерот.
Вратата на апаратот е
отворена.
Затворете ја вратата на
апаратот.
Не сте го притиснале копчето
Start.
Притиснете на Start.
Оштетен е осигурувачот во
таблата.
Заменете го осигурувачот.
Поставен е одложен почеток. Откажете го одложениот
почеток или почекајте да
заврши одбројувањето.
Апаратот не се полни
со вода.
Славината за вода е
затворена.
Отворете ја славината.
Притисокот на водата е
премногу низок.
Контактирајте со локалното
водостопанство.
Славината е затната или има
бигор на неа.
Исчистете ја славината.
Филтерот во цревото за довод
на вода е затнат.
Исчистете го филтерот.
Цревото за довод на вода е
засукано или свиткано.
Проверете дали положбата на
цревото е правилна.
Вклучен е уредот против
поплавување. Во апаратот
протекува вода.
Затворете ја славината за вода
и контактирајте со сервисната
служба.
Апаратот не испушта
вода.
Одводот за вода е затнат. Исчистете го одводот за вода.
Цревото за одвод на вода е
засукано или свиткано.
Проверете дали положбата на
цревото е правилна.
Откако ќе ја изведете проверката, вклучете го
апаратот. Програмата продолжува од точката
на прекинот.
Ако повторно се појави дефект, контактирајте
со сервисната служба.
Ако екранот прикажува други кодови за
аларм, контактирајте со Сервис.
МАКЕДОНСКИ
17
РЕЗУЛТАТИТЕ ОД МИЕЊЕТО И СУШЕЊЕТО НЕ СЕ ЗАДОВОЛИТЕЛНИ
Проблем Можна причина Можно решение
Садовите не се чисти. Филтрите се затнати. Исчистете ги филтрите.
Филтрите не се правилно
составени и монтирани.
Проверете дали сите филтри се
правилно составени и
монтирани.
Прскалките се затнати. Отстранете ја преостанатата
нечистотија со тенок шилест
предмет.
Избраната програмата за
миење не одговара на видот и
валканоста на садовите.
Проверете дали програмата
одговара на видот и валканоста
на садовите.
Предметите во корпите не се
правилно распоредени.
Водата не може да ги измие
сите предмети.
Проверете дали предметите во
корпите се точно поставени и
дали водата може лесно да ги
измие сите предмети.
Прскалките не можат
слободно да се вртат.
Проверете дали предметите во
корпите се точно поставени и
дали ги блокираат прскалките.
Имало премалку детергент. Проверете дали сте додале
точна количина детергент во
дозерот пред да ја започнете
програмата.
Нема детергент во дозерот за
детергент.
Проверете дали сте додале
детергент во дозерот пред да ја
започнете програмата.
На садовите има
наслаги од бигор.
Садот за сол е празен. Проверете дали има сол за
машини за миење садови во
садот за сол.
Поставеното ниво на
омекнувачот на вода не е
точно.
Проверете дали регулирањето
на омекнувачот на водата е
соодветно за тврдоста на
водата во вашата област.
Капакот за садот за сол е
лабав.
Стегнете го капакот.
Има белузлави
остатоци и дамки или
синикави слоеви на
чашите и садовите.
Истечената количина од
средството за плакнење е
многу голема.
Намалете ја количината на
средството за плакнење.
.
Имало премногу детергент. Проверете дали сте додале
точна количина детергент во
дозерот пред да ја започнете
програмата.
18
Проблем Можна причина Можно решение
На чашите и садовите
има суви траги од
капки вода.
Истечената количина на
средството за плакнење не е
доволна.
Зголемете ја количината на
средството за плакнење.
Квалитетот на детергентот
може да е причина.
Користете друга марка
детергент.
Садовите се влажни. Програмата нема фаза на
сушење.
Програмата има фаза на
сушење со ниска
температура.
За подобри резултати при
сушењето, оставете ја вратата
подотворена неколку минути.
Садовите се влажни и
матни.
Дозерот за средството за
плакнење е празен.
Проверете дали има средство
за плакнење во дозерот за
средство за плакнење.
Количината на средството за
плакнење може да е причина.
Користете друга марка на
средство за плакнење.
Количината на комбинираните
детергент таблети може да е
причина.
Користете друга марка на
комбинирани детергент
таблети.
Вклучете го дозерот за
средство за плакнење и
котистете средство за
плакнење заедно со
комбинирани детергент
таблети.
Вклучување на дозерот на
средството за плакнење со
вклучена функција мулти-таблети
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за активирање на апаратот.
2. Погрижете се апаратот да биде во режим
на поставување. Видете во
‘ПОДЕСУВАЊЕ И СТАРТУВАЊЕ НА
ПРОГРАМА’.
3. Притиснете и задржете Delay and Start
истовремено не затрепкаат показателите
(A), (B) и (C).
4. Притиснете на Option.
Показателите (A) и (C) се гасат.
Програмското показно светло (B)
продолжува да трепка.
Екранот ги прикажува поставките на
дозерот за средство за плакнење.
Исклучен
Вклучен
5. Притиснете Option за да ги смените
поставките.
6. Деактивирајте го апаратот за да
потврдите.
7. Нагодете ја количината на средството за
плакнење.
8. Наполнете го дозерот за средство за
плакнење.
ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
Димензии Широчина / Висина / Длабочина
(mm)
446 / 818 - 898 / 575
Поврзување на струја Видете на плочката со спецификации.
МАКЕДОНСКИ
19
Волтажа 220-240 V
Фреквенција 50 Hz
Пристисок на водата Мин./макс. (bar/MPa) (0.5 / 0.05 ) / (8 / 0.8 )
Водоснабдување
1)
Ладна вода или топла вода
2)
макс. 60°C
Капацитет Место за поставување 9
1)
Приклучете го доводното црево на славина за вода со навој од 3/4''.
2)
Доколку топлата вода доаѓа од алтернативен извор на енергија (на пример, соларни панели,
енергија од ветер), користете ја топлата вода за да ја намалите потрошувачката на енергија.
20
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60

Aeg-Electrolux F65401IM0P Руководство пользователя

Тип
Руководство пользователя

Задайте вопрос, и я найду ответ в документе

Поиск информации в документе стал проще с помощью ИИ